Градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази во емисијата „Дијалог на Лајми“ изјави:
„Самир Мане е еден од главните претенденти кои сакаат да направат инвестиција и да го реактивираат езерото ‘Треска’. На состанокот, покрај премиерот Мицкоски, присутни беа и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, генералниот секретар на владата, господинот Меџити и јас, како и тимот на г. Самир Мане. На состанокот ни беше презентирано како ја предвидува развојната идеја, за колку години може да се изгради езерото ‘Треска’ и за колку години може да се стави во функција. Во тек се административните постапки за усогласување на идејата со законските процедури. Г. Мане е подготвен да направи чуда какви што прави и во други земји и едно такво да го донесе и во општина Сарај, што претставува инвестиција од над 100 милиони евра.“



