Тачи: „Македонците не сакаат заеднички живот со Албанците“.

Македонците, особено со тоа што се случи на локалните избори, се подготвуваат за поделба. Немаат сериозни планови да биде заедничка држава. Ако сме нормална демократска држава, немаме работа со ВЛЕН, туку имаме работа со премиерот, кој пред ручек – по ручек, навечер – наутро, со вечера или без вечера демонстрира дека е премиер на Македонците. Тој заборавил, не ме интересира дали намерно или не дека треба да биде и премиер на Албанците и да се грижи и за нивната благосостојба, и за нивниот јазик, нивните права и слободи, а буџетот на државата да го распределува на праведен начин, а не да ги доведе во состојба на големо понижување.