Таравари: Сомнително е богатството на роднините на Ахмети! Никој од моите внуци нема такво богатство!

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вели дека за него е сомнително купувањето на Трговскиот центар „Соравија“ во Скопје од фирмата на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Таравари во интервју за весникот ЛАЈМ вели дека треба да се истражи богатството на семејството на Ахмети за кое медиумите пишуваа последните неколку дена. Тој подвлече дека неговата партија, која сега е во Владата на СДСМ-ДУИ, зборувала за вакви сомнежи уште пред многу години и додека била во опозиција.

„Немам никој во семејството кој има големо богатство. Повеќето членови на семејството сопствени бизниси, некои се вработени. Имам еден роднина (брат од чичко) кој се занимава со градежна дејност 30 години, има малку повеќе богатство, цело декларирано, но немам некој што има богатство како што слушаме за семејството на господинот Ахмети“, рече Таравари.

ЛАЈМ: Дали за вас е сомнителнa инвестицијата во ТЦ Соравија?

„Апсолутно. 25-годишен дечко да го има тоа богатство од 20 или 30 милиони евра. Не знам го точно случајот, но мислам дека треба да се истражи. Кога ќе има некаков резултат од истрагата, тогаш ќе излеземе и ќе го критикуваме. Но, повторно велам дека има сомнежи. За овие сомнежи зборуваме 9 години како политичка партија и повторно кажуваме дека е многу лошо што ДУИ е метастазирана во повеќето институции во РСМ. Среќен сум што полека населението и сите институции се будат од сон за она за што зборувавме пред многу години. Но, повторно кажуваме и продолжуваме да имаме критики за ДУИ за одредени прашања“, изјави Таравари за весникот ЛАЈМ.