Потпретcедателот на ДУИ, Арбр Адеми, во интервју за весникот ЛАЈМ ги отфрли обвинувањата за подготвување на сценарии за дестабилизација на државата, како што обвинува премиерот Мицкоски.
Адеми рече дека изворот на дестабилизацијата на државата треба да се бара во актуелната Влада, која ја нарушува политичката волја на Албанците, дискриминирајќи ги во секој аспект.
“Доколку ДУИ и „Европскиот фронт“ ја разгледаат можноста да ги искористат сите демократски механизми за да ја пренесат пораката на нивната политика во однос на почитувањето на легитимитетот, но и други важни прашања, како што е прашањето за јазикот, прашањето на балансерот, прашањето за деградација, мислам дека тоа не е чекор во насока на дестабилизација. Дестабилизирачки извор е оваа моноетничка власт, без легитимитет на Албанците, која ги поткопува сите достигнувања на Албанците во овие 22 години”, рече Адеми бо интервју за Лајм.